Languages

ЗА НАС

Компанијата УниПАРТС ДС дооел во Индустриската зона Визбегово располага со богато снабдена продавница на делови за градежни машини. Првенсвено сме специјализирани за делови наменети за средни и големи градежни машини.

Нашата палета на производи ги опфаќа светски познатите компании и брендови во овој сектор, како што се: Komatsu, Caterpillar, Hitachi, Liebher, Volvo и многу други.

 

Располагаме и со магацински простор од кој продавницата секојдневно се снабдува со нови количества делови. Тимот кој се грижат за снабдување на магацинот и продавницата е во секојдневен контакт со нашите партнери во странство и директно со производителите на овие делови. Реномето што го изградивме во изминативе години, ни овозможува брзо и ефикасно да дојдеме до било кој резервен дел и тоа во најкраток можен рок, по цени кои се конкуретни и поволни, како за нашиот, така и за глобалниот пазар. Изложбениот салон работи секој ден од 8 до 16 часот.

Во салонот можете да добиете информации за деловите што ви се потребни, како и за можноста тие да бидат набавени доколку во моментот ги немамe. Исто така, во нашиот сервис, кој се наоѓа во близина на салонот, можете да добиете информација и за условите под кои тие резервни делови можат да се вградат во вашите машини.